Интер е подготвен да го ангажира Тареми од Порто

27

Интер работи на потписот на напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, пренесува „FCInterNews“.

Миланезите од есента се главни претенденти за Иранецот. Напаѓачот не планира да го продолжи договорот со Порто, кој истекува во јуни оваа година.

Интер сака да го официјализира трансферот на Тареми како слободен играч. Фудбалерот веќе имал преговори со миланскиот клуб.

Триесет и едногодишниот Тареми има шест гола и четири асистенции на 24 настапи за Порто оваа сезона.