Клучот за превенција и контрола на епидемијата е рано откривање, рана изолација и рано лекување. Важно е да се прошири тестирањето за да се откријат сите заразени, а потоа да се стават во карантин, кој треба да е задолжителен за заразените лица, сомнителните лица и лицата кои имале блиски контакти со нив, вели амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, во интервју за весникот ВЕЧЕР. Амбасадорот нагласи дека мора да се фокусираме да го спречиме преминот од пациенти со благи симптоми во сериозно болни пациенти. Во интервјуто, тој зборува и за помошта што земјава ја добива од Кина во справувањето со пандемијата од ковид-19, како и очекувањата за кулминацијата на заразата во Македонија, достапноста на имунизација за овој вирус и враќањето на животот во нормала во светски рамки.
Амбасадоре, НР Кина во повеќе наврати беше спомената од македонските власти како земја од која се очекува одредена помош во справувањето со коронавирусот. Да прецизираме, каква помош вашата земја планира за Македонија?
Кина штотуку доживеа тежок период со борбата против епидемијата, и затоа во овој момент ја споделуваме нашата болка со македонскиот народ. Секогаш се сеќаваме дека во најтешките времиња, пријателите од целиот свет, вклучително и оние од Република Северна Македонија, ни дадоа вредна политичка поддршка и медицински материјали.
Подготвени сме да обезбедиме можна медицинска помош и поддршка во рамките на нашите способности. Освен ова, ќе ѝ помогнеме на владата на Република Северна Македонија да набави антиепидемиски материјали. |
Во моментов, Северна Македонија е исправена пред сериозни предизвици на Ковид-19 епидемијата, и како пријател, кинескиот народ ќе покажува помош. Прво, целосно ги разбираме и ги поддржуваме мерките за превенција и контрола, преземени од владата. Второ, подготвени сме да обезбедиме можна медицинска помош и поддршка во рамките на нашите способности. Освен ова, ќе ѝ помогнеме на владата на Република Северна Македонија да набави антиепидемиски материјали.
Кина ќе продолжи да ги споделува информациите за превенција и контрола на епидемијата навремено, да споделува програми за дијагностицирање и третман на вирусот, исто така и програми за превенција и контрола. Соработувајќи со СЗО и во рамките на 17 + 1 соработката, ќе продолжи да ги зајакнува мултилатералната соработка и координација, со цел да изградиме заедно стабилна заедничка мрежа за превенција и контрола на епидемијата.
Македонија официјално побара помош од Кина пред еден месец. Неодамна изјавивте дека сè уште чекате одговор од Пекинг. Но, земјава сега, во овој момент се справува со пораст на заразените. Ќе ја добиеме ли помошта на време?
Во моментов, Кина се бори за заштита од влегувањето на вирусот од странство, и за одбранување од повторно избувнување на епидемијата внатре во земјата. Иако притисокот кај Кина не е мал, кинескиот народ е подготвен цврсто да ја поддржи борбата против епидемијата на Република Северна Македонија, и ќе им помага на владата и на луѓето со сите можни сили. Кинеската амбасада вложува свои напори во помагање на македонските пријатели. Освен промовирање на меѓувладината соработка, ги организира и локалните власти и претпријатија во Кина да помагаат. На пример, збратимениот град на Скопје, градот Нанчан од провинцијата Џјанши, донираше 50.000 маски со ИСО-стандард кои одговараат за влез на европскиот пазар. Кинеската амбасада во РС Македонија исто така собра парични средства и ги донираше на Министерството за здравството, а медицински и материјали за дезинфекција беа донирани за МВР и Министерството за одбрана.
Во однос на техничката помош и размената на информации, Кина отвори онлајн центар за знаење за превенција и контрола на епидемијата, кој е отворен за сите земји и ја извести болницата за добивање на неопходните информации. Во средината на март, Кина одржа видео-конференција за медицински експерти со земјите од Централна и Источна Европа, вклучително и од Република Северна Македонија, а освен ова, ја испрати и седмата верзија на планот за дијагностицирање и третман на вирусот и шестата верзија на планот за превенција и контрола на епидемијата.
До каде е процедурата со 30. респиратори за Македонија од фонд од ЕУ за кои имаше изјави дека се бара начин како да се донесат од Кина?
Во моментов не сме добиле релевантната набавка од македонската страна за купување на 30 респиратори. Генерално, Кина нема да го контролира извозот на медицинските материјали и се надева да обезбеди силна поддршка за борбата против епидемијата во целиот свет.
Во екот на епидемијата кога Кина се бореше со вирусот, вие во интервју за весникот ВЕЧЕР дадовте точна проценка кога го очекувате пикот. Какви се сега вашите прогнози во однос на пикот во Македонија?
Состојбата со епидемијата е сè уште неизвесна. Точката на пикот на епидемијата често зависи од тоа дали преземените мерки за интервенција се ефективни. Затоа, иако не сум видел прецизно предвидување од експертите за пикот, мислам дека врз основа на ефективните мерки од македонската влада и поддршката од народот, нема да чекаме многу долго за овој момент.
Ако го земеме предвид Вашето искуство, како досега Македонија се справува со ковид-19?
Мерките за превенција и контрола, преземени од македонската Влада се активни и ефективни. Луѓето во земјава исто се обединети како едно, искрено се надевам дека Република Северна Македонија ќе го запре ширењето на епидемијата што е можно поскоро.
Важно е исто така проширување на тестирањето, со цел откривање на сите заразени, и потоа да се стават во карантин, вклучително и на оние лица со благи симптоми, а се разбира, кај овие случаи кои се со тешки симптоми, мора да се организира навремен третман. |
Според искуството на Кина, клучот за превенција и контрола на епидемијата е рано откривање, рано известување, рана изолација и рано лекување. Мора да се концентрираат сите пациенти, експерти, ресурси и капацитетот за третман. Важно е исто така проширување на тестирањето, со цел откривање на сите заразени, и потоа да се стават во карантин, вклучително и на оние лица со благи симптоми, а се разбира, кај овие случаи кои се со тешки симптоми, мора да се организира навремен третман. Карантинот е многу важна мерка за контрола на инфекцијата, задолжително е кај заразените лица, сомнителните лица и лицата кои имале блиски контакти со нив. Освен ова мора да се фокусираме да го спречиме преминот од пациенти со благи симптоми во сериозно болни пациенти.
Во борбата против епидемијата, се очекува активно учество на секој поединец, а за личноста, најбитното е „превенцијата“, да се зајакнува личната заштита преку носење на маски, спречување на блиски контакти со други лица и миењето на рацете.
Кога се очекува животот во земјава и во светот да се врати во нормала?
Епидемијата се шири низ целиот свет со неочекувана брзина. Во моментов, најважно е да се спасат животите на пациентите и да се спречи повеќе луѓе да се инфицираат. Верувам, дека глобалното влијание од епидемијата ќе биде привремено, па луѓето на крајот ќе го победат вирусот.
Кина, во соработка со СЗО, спроведува истражувања за вакцина против коронавирусот. Какви се проценките, ќе има ли наскоро имунизација против ковид-19?
Го унапредуваме истражувањето на вакцините по пет технички патеки. Се разбира, вирусот е нов и ни треба време да го разбереме и да го истражуваме. Како и развојот на вакцините, мора да решаваме редици проблеми во истражувањето, но ги следиме стриктно стандардите и техничките барања, а се разбира и во рамките на законите. Насоката на нашите напори е да ја пуштиме на пазарот што е можно поскоро, во рамките на обезбедување и на безбедност, и на ефективност. Развојот на вакцините во Кина има напредок, сега влезе во првата фаза на клиничките испитувања. Во следните неколку месеци, вакцината мора да помине серија тестови. Без оглед која држава ја прави вакцината, во процесот учиме едни од други и ќе си помагаме меѓусебно, бидејќи ниту една земја не може да го снабди целиот свет со своите производи.
Виолета СТОИМЕНОВА-НАУМОСКА