Индија сега е на Месечината: Прво успешно слетување на нејзиниот јужен пол/ВИДЕО

145

Индија денес испиша историја. Вселенското летало Чандрајан-3 успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината.

Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер за испраќање фотографии и податоци назад на Земјата, објави Би-Би-Си.

Така Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.

Оваа азиска земја неочекувано доби шанса со златни букви да ја напише историјата на вселенското истражување, откако Русија во сличен обид во саботата го загуби контактот со леталото Луна 25, а во неделата на 20 август објави дека се урнал на Месечината.

Ова не е прв обид на Индија да слета на Месечината. Најнаселената земја во светот доживеа неуспех во 2019 година кога вселенското летало Chandrayaan-2 доживеа проблеми при спуштањето, по што се „заби“ во земјата.