Индискиот ровер Прагјан ја заврши својата прошетка по површината на Месечината и сега ќе одмора две недели, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО). Лендерот Викрам, првиот индиски модул што безбедно слета на Месечината и првиот што стигна до регионот на Јужниот пол, исто така ќе направи пауза, објави NPR.
– Роверот ги исполни своите задачи. Сега е безбедно паркирано и „спие“. Инструментите APXS и LIBS се исклучени. Податоците од нив се испраќаат на Земјата со помош на модулот за слетување. Во моментов, батеријата е целосно наполнета. Соларните панели се ориентирани да примаат светлина штом изгрее сонцето на 22 септември 2023 година. Ресиверот е вклучен. Се надеваме на успешно будење за нов сет на задачи. Ако тоа не се случи, роверот ќе остане таму засекогаш како индиски лунарен амбасадор – се наведува во објавата на ISRO на платформата X (поранешен Твитер).
Chandrayaan-3 Mission:
The Rover completed its assignments.It is now safely parked and set into Sleep mode.
APXS and LIBS payloads are turned off.
Data from these payloads is transmitted to the Earth via the Lander.Currently, the battery is fully charged.
The solar panel is…— ISRO (@isro) September 2, 2023
Слична најава уследи малку подоцна и за Викрам.
– Лендерот Викрам денеска ќе ја започне фазата на „спиење“. Пред тоа, на новата локација беа извршени експерименти од инструментите ChaSTE, RAMBHA-LP и ILSA. Податоците беа собрани на терен. Инструментите сега се исклучени, но ресиверите сè уште се вклучени. Викрам ќе „спие“ кога ќе му снема сончева енергија во батеријата. Се надеваме дека ќе се разбуди околу 22 септември 2023 година – соопшти ИСРО на платформата Х.
Кога беа испратени на Месечината како дел од индиската историска мисија Чандрајаан-3, модулот и роверот се очекуваше да работат само еден лунарен ден, што е околу 14 дена на Земјата. Весникот Indian Express објави дека електрониката на модулот и роверот не се дизајнирани да издржат екстремно ниски температури, кои ќе достигнат минус 120 степени во текот на лунарната ноќ.
– Технологијата која им овозможува на електронските кола и компоненти да работат на екстремно ниски температури едноставно не постои во Индија – изјави за весникот Палава Багла, научен писател и автор на книга за индиско истражување на вселената.
Chandrayaan-3 Mission:
Vikram Lander is set into sleep mode around 08:00 Hrs. IST today.Prior to that, in-situ experiments by ChaSTE, RAMBHA-LP and ILSA payloads are performed at the new location. The data collected is received at the Earth.
Payloads are now switched off.… pic.twitter.com/vwOWLcbm6P— ISRO (@isro) September 4, 2023
Индија е четвртата земја која успешно слета вселенско летало на Месечината, по СССР, САД и Кина, но и првата земја што го стори тоа во областа на лунарниот јужен пол.