Индиската „планина од ѓубре“, идната година ќе биде „повисока“ од Таџ Махал
Депонијата од отпад во Газипур, на источната страна на Њу Делхи, која од локалното население е наречена „Монт Еверест“, сега зазема површина која одговара на големина на повеќе од 40 фудбалски стадиони. Секоја година депонијата „расте во висина“ за десет метри, и сега е висока 65 метри. Догодина се очекува да биде повисока од Таџ Махал, које е висок 73 метри.