Инвидуални инвеститори ги „дерат„ граѓаните и наплаќаат 3.500 евра за квадрат

Во државата, повеќе од 90 отсто се индивидуални инвеститори, кои градат згради и ги „дерат„ граѓаните, наплатувајќи им и по 3.500 евра за квадратен метар. Градежните експерти велат дека во државата грдат само 3-4 фирми што се во градежништвото, другите се индивидуални инвеститори што имаат пари и градат згради. Ова го потврдува и податокот од Светска банка, според кој во сивата економија во Македонија циркулираат меѓу 700 и 800 милиони евра, од кои значителен дел се инвестираат во недвижности. – Во центарот на градот нема услови за нормално семејно живеење. Оној што чесно ги заработил парите, нема да даде 3.500 евра за квадрат и да живее на булевар. Добро е што почнаа да се градат станови на периферијата – во Драчево, Маџари, Волково, Ѓорче Петров, Илинден... Да има добар јавен градски превоз, луѓето нема да сакаат да живеат во Центар. Ние немаме автобуси, а да не зборувам за метро, трамваи, тролејбуси... – изјави градежниот експерт Никола Велковски за весникот ВЕЧЕР

1968

Цвета сивата економија во градежништвото. Во државата, повеќе од 90 отсто се индивидуални инвеститори, кои градат згради и ги „дерат“ граѓаните, наплатувајќи им и до 3.500 евра за квадратен метар. Градежните експерти велат дека во државата грдат само 3-4 фирми што се во градежништвото, другите се индивидуални инвеститори што имаат пари и градат згради. Ова го потврдува и податокот од Светска банка, според кој во сивата економија во Македонија циркулираат меѓу 700 и 800 милиони евра, од кои значителен дел се инвестираат во недвижности.

– Во градежништвото има само 3-4 фирми што градат, сè друго се индивидуални градители за кои не знам од каде им се парите. Ова што се случува во Скопје е инвеститорски урбанизам. Тоа е затоа што инвеститорите го креираат урбанизмот, градат каде што сакаат. За нив е важно само да има што повеќе станови од кои добро ќе заработат. Значи, не им е важен квалитетот на животот, туку еднократната заработувачка – изјави за весникот ВЕЧЕР градежниот експерт Никола Велковски.

Поради тоа, во центарот на Скопје веќе нема паркинг, нема паркови, нема спортски терени, има многу сообраќај, бучава… Се поставува прашањето кој може да живее на булевар и да плати 3.500 евра за квадрат.

– Во центарот на градот нема услови за нормално семејно живеење. Оној што чесно ги заработил парите, нема да даде 3.500 евра за квадрат и да живее на булевар. Добро е што почнаа да се градат станови на периферијата – во Драчево, Маџари, Волково, Ѓорче Петров, Илинден… Да има добар јавен градски превоз, луѓето нема да сакаат да живеат во Центар. Ние немаме автобуси, а да не зборувам за метро, трамваи, тролејбуси… – појаснува Велковски.

Градежните експерти велат дека и кај нас треба да почне да се следи примерот на големите светски метрополи и да се гради во висина, а не во ширина. На тој начин, поголем дел од долната површина ќе биде слободна за паркинг, паркови, игралишта… Предноста кај висококатниците е што има природна светлина, проветрување, а се користи помал дел од долната површина.

Статистичките податоци покажуваат дека, и покрај тоа што има голем број непродадени станови, продолжува трендот на раст на дозволите за градба. Во истиот период, предвидена е изградба на 913 нови стана, со корисна површина од над 81.000 квадратни метри.

Цените на становите, сепак, не ги следат економските правила – наместо да се намалуваат поради вишокот на понуда, тие бележат континуиран раст. Во Центар, цените достигнуваат до 3.500 евра за квадратен метар, додека во другите делови на Скопје се движат од 1.000 до 1.800 евра, во зависност од локацијата и од квалитетот на градбата.

Покрај тоа, податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека 37 отсто од становите во земјата или околу 307 илјади стана се празни. Од нив, речиси 60 илјади се наоѓаат во Скопје. Во елитните населби како Дебар Маало и Водно, голем број новоизградени станови остануваат празни, што упатува на инвестициски вложувања наместо на реална побарувачка за домување.

И покрај тоа што просечно се градат околу 5.000 стана годишно, цените продолжуваат да растат. Познавачите на пазарот очекуваат цените да останат високи и да продолжат да растат и во текот на 2025 година.

(А.С.)

ИЗДВОЕНИ