Во Гевгелија беше поставен камен-темелник за изградба на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра која ќе отвори на почеток 350 нови вработувања, а подоцна ќе стигне и до 500.

– За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност – порача премиерот Христијан Мицкоски.