Бранителите во случајот “Диво насеље “покрај тоа што го напаѓаа обвинението дека нема елементи за кривично делот тероризам, му укажаа на судот како што велат на преседанот на судијката Верка Петковска која на осудените покрај доживотнине казни им изрекла и казна протерување на странец од државата.

За разлика од хаосот кој вчера владееше во судницата во која се одржуваше јавната седница по жалбите на обвинетите во случајот со терористичкиот напад во кумановската Диво насеље, кои со пцоси и навреди се обратија кон судиите,а потоа ја напуштија седницат,велејќи дека не го признваат овој суд,дене во полупразната сала во која што присуствуваа само тројца обвинети без тензии, адвокатите ги образлагаа жалбите против првостепената пресуда

Според адвокатот Еленко Миланов, преземените дејствија кон припадници на полицијата, па дури и кога се користело оружје, не е тероризам.

„Во Диво Насеље полицијата отиде да врши претрес, а таму лицата пружија отпор. Ова не може да биде акт на институции. Преземените дејствија кон припадниците на полицијата, па дури и кога се користи оружје, не може да биде тероризам. Имало многу напади на полицајци, но ниту една квалификација на кривичното дело не била тероризам. И нападот во Полициската станица во Гошинце не е напад, туку е упад“, рече на јавната седница адвокатот Миланов.

Бранителот ги убедуваше апелациските судии дека судијката Верка Петковска која им ја изрече првостепената пресуда направила преседан со тоа што на лица осудени на доживотен затвор им изрекла и казна протерување на странец од државата.

„За одмерувањето на казната првостепените судии се повикуваат на правилник, но во овој момент овој правилник за одмерувањето на казните не е веќе во сила. Како може да се изрече како казна на едно лице и доживотен затвор и протерување од државата? Кога и на кого ќе го спроведеме протерувањето? Дали на мртво тело?“, праша адвокатот Миланов.

Тој потоа поединечно со аргументи ги образлагаше жалбите за осудените чиј застапник е велеки дека обвинетиот Ваљдет Зекај кој на завчерашното рочиште забрануваше да се преведува и кој посочи дека „ова е Албанија е спремен да одговара пред судот, но не за тероризам, туку за тоа што им се спротивставил на полицајците.

Потоа се осврна и пресудите на обвинетите Беким Кабаши и Руфки Догани. За него бранителот тврди дека во една од куќите каде биле сместени обвинетите во „Диво Насеље“ тој бил задолжен да подготвува јадење и да вари кафе и затоа имало негова ДНК на пушката која се наоѓала во еден од тоалетите.Тој најверојатно а преместил а не дека ја користел –тврдеше Миланов.

Адвокатката Артене Исеини, која во оваа постапка застапува неколкумина обвинети од второстепениот суд побара одговор на неколку прашања, односно конкретно кога во 2015 била формирана терористичката група, кој ја чувал границата кога обвинетите нелегално минувале, конкретно кои обвинети биле во Македонија, а кои во Косово, кои се објектите каде што се криеле и кои објекти требало да бидат нападнати.

Адвокатката Исеини му порача на обвинителството дека за вакво обвинение за кривично дело со оваа тежина мора повеќе да се потруди околу деталите, бидејќи за вакво дело треба докази, а не претпоставки.