Има само еден крал на заработката во фудбалскиот свет!

45

Магазинот Форбс ја објави листата на фудбалери кои заработиле најмногу пари оваа година, а на врвот, очекувано е Кристијано Роналдо. Португалската фудбалска ѕвезда со години е на врвот на листата на фудбалери кои заработуваат најмногу пари на годишно ниво.

КР одамна ја надмина бројката од една милијарда долари заработка во текот на кариерата, а оваа 2024 година му беше доста плодна и убедливо е прв по заработка.

Роналдо за овие 10 месеци инкасирал нереални 285 милиони долари. Апсолутно никој не може да ја израмни неговата заработка која доаѓа од договорот со Ал Наср и бројните спонзорски договори.

Зад славниот Португалец е неговиот најголем ривал, Лионел Меси. Аргентинецот има прилично добар договор со Интер Мајами и многу големи спонзорски договори и затоа инкасирал 135 милиони евра.

Магичната бројка од над 100 милиони евра ја минаа и Неимар кој не стапна на заелениот терен, а заработи 110 милиони, додека Карим Бензема може да се пофали со инкасирани 104 милиони евра.

Паричните суми во фудбалскиот свет одамна станаа вистинско лудило. Дури и просечните фудбалери заработуваат милиони, па не е ни чудо што заработката на најдобрите се мери во стотици милиони евра.

Нема дилема дека бројките дополнително ќе се зголемуваат во наредните години, а ова особено се однесува на тимовите од Саудиска Арабија. На списокот има четворица фудбалери од оваа земја, а лесно може да се случи некои од нив да доживеат значителен скок на списокот, особено ако ги прифатат богатите понуди кои пристигнуваат секој ден.