Британските медиуми немаат дилема дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи повторно ќе се обидат да ги осигураат услугите на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Истите медиуми открија дека менаџерот на „сините“, Маурицио Покетино има дадено зелено светло за официјалната понуда која нема да биде помала од 80 мил. евра.