Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, и понатаму е сериозно заинтересиран за услугите на францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, но клупските челници не сакаат по секоја цена да го реализираат трансферот на искусниот играч за врска.
Репрезентативецот на Франција повеќе не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“ и сака да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Од продажбата на Погба, челниците на Јунајтед очекуваат заработка не помала од 120 мил. евра.