Имаат „краток фитил“: Ова се најголемите кавгаџии меѓу хороскопските знаци

374

Некои хороскопски знаци се поагресивни и отворено го изразуваат својот гнев и бес, имаат груб јазик, реагираат веднаш и водат жестоки дискусии без размислување. Бидете внимателни со овие три знаци во Зодијакот, тие навистина имаат „краток фитил“ и лесно можете да влезете во караница со нив.

Овен

Овните се познати по нивната агресивност, импулсивност и тврдоглавост. Лесно се фрустрираат, па со нив навистина треба да бидете претпазливи, никогаш не знаете што може да ве снајде. Еднаш штом се налутат, нема да се срамат тоа да ви го дадат до знаење. Немаат големо трпение, веднаш ќе започнат кавга, а од кавгите секогаш излегуваат како победници.

Скорпија

Сами по себе не се агресивни, но ако некој ги повреди лесно ќе се разбеснат, па дури може да бидат насилни. Нема да се воздржат од викање, фрлање предмети или удирање по ѕидови. Ако ги налутите, лесно ќе започнат кавга. Големи злопамтила се и никогаш не забораваат за што сте се скарале.

Бик

Биковите знаат да бидат агресивни и со нив нема компромис. Не сакаат кога некој не се сложува со нивното мислење, па мирната расправа може да порасне во сочна кавга. Многу се страсни и упорни во нивните ставови, брзо се лутат, избувнуваат ако некој им се спротивставува. Штом еднаш се налути, Бикот е подготвен да се кара до несвест, а ретко признава дека не е право за нешто.