Имаат „антиејџ“ дејство, ги олеснуваат алергиите и запекот: Маслинките се ем вкусни, ем чудотворни!

125

Дефинитивно ќе сакате почесто да јадете маслинки, кога ќе дознаете колку се здрави.
Маслинките се многу вкусен додаток на различни јадења, но и многу повеќе од тоа.

Нутриционистката Наташа Ѓукиќ го сподели своето мислење за оваа здрава храна и откри зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана:

– Маслинките се богати со железо, витамин Е и А, натриум, калциум, растителни влакна. Содржат и антиоксиданси, полифеноли и флавоноиди, кои имаат антиинфламаторно дејство, што ги прави идеална храна за борба против слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во телото – вели Наташа и додава 10 причини зошто треба да јадете маслинки:

  • Ја подобруваат меморијата
  • даваат енергија
  • го забавуваат стареењето на кожата
  • го намалуваат апетитот
  • спречуваат кардиоваскуларни заболувања
  • го ублажуваат запекот
  • го намалуваат воспалението и болката
  • содржат антиоксиданси
  • ги намалуваат алергиите
  • одржуваат добар вид