Или јас или Бартомеу!

162

Каталонскиот гигант Барселона доживеа уште еден тежок удар. И покрај фаворитската услога, избраниците на Кике Сетиен одиграа уште еден просечен натпревар и сосема заслужено се елиминирани во 1/4 финалната рунда од Купот на Шпанија од екипата на Атлетик (Б).

Единствениот погодок на натпреварот кој беше постигнат во 93 минута, беше дело на Ињаки Вилијам. Интересно, по срамната елиминација се огласи и претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, кој се обиде на секаков можен начин да го изгасне големиот „пожар“ во таборот на актуелниот шампион на Шпанија.

  • Нормално дека сме разочарани од незаслужената елиминација во куп натпреварувањето, но јас сум горд на амбицијата и пристапот кој го покажавме на овој натпревар. Честитки за Атлетик (Б), но честитки и за нашите фанови кои дојдоа во Билбао и ни дадоа голема поддршка. Јас имам целосна доверба во стручниот тим и во играчите кои ќе се борат до самиот крај за трофејот во Ла Лига и за тој во Лигата на шампиони, изјави Бартомеу.

Дека ситуацијата е повеќе од алармантна потврди и телевизиската станица „Chiringuito“, која откри дека раководните лица на Барса добиле ултиматум од капитенот Лионел Меси.

Репрезентативецот на Англија испратил јасна порака дека ќе остане на „Ноу Камп“ само доколку клубот доби нов претседател. Жозеп Марија Бартомеу глумеше пожарникар на последниот кризен состанок и се обидуваше на секаков можен начин да ги смири Меси и Абидал. Таквиот негов обид бил неуспешен, тврдат шпанските медиуми. Абидал и понатаму има целосна поддршка од клупските челници, но и понатаму е главна причина за радикалното однесување на Меси.

Капитенот на Барса побарал нови претседателски избори, после кои излезната врата ќе им биде покажана на Бартомеу и Абидал, а тренерското столче ќе му биде дадено на неговиот голем пријател, Чави Хернандез.

„Ел Паис“ пак открива дека на првиот тренинг по поразот на Барса на гостувањето во Валенсија, дошло до физичка пресметка помеѓу Меси и Марк Андре тер Штеген. Двајцата се скарале поради една не толку важна ситуација, а тимските колеги спречиле поголем инцидент.