Движењето Илирида, како што јави ТВ Клан, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија.
Од Движењето „Илирида“, како што јави КланМ, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.
„Со цел да се регистрираме како политичка партија и да учествуваме во изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и доколку ги освоиме гласовите на граѓаните, автоматски ќе го формираме Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како Втора Република во рамките на РСМ”, рекле од таму.
Од таму порачуваат дека „населението ќе разбере дека мизерната состојба во која се наоѓаат Албанците денес може да се надмине само со воспоставувањето на Република Илирида како втор столб во оваа држава“.