Икарди како позајмен

246

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, повторно ќе се обиде да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Мауро Икарди. „Старата дама“ е во потрага по фудбалер кој може да биде достојна замена за португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо кој пред неколку дена беше продаден на Манчестер Јунајтед. Челниците на Јуве сакаат прво да го позајмат Икарди до крајот на сезоната.