ИЗРАЕЛ СЕ СПРЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЛИБАН: Командантот на армијата издаде наредба/ВИДЕО

45

Целта на израелските напади врз Либан беше да се „подготви теренот“ за влез на копнени трупи и уништување на Хезболах, им рекол на војниците командантот на израелската армија, генерал Херзи Халеви.

– Целта е многу јасна, да се вратат жителите на северот. За да го постигнеме ова, подготвуваме маневарски процес, кој вклучува навлегување на територијата на непријателот, во селата кои Хезболах ги подготви како големи воени пунктови, со подземна инфраструктура и платформи за лансирање за извршување напади врз израелските цивили и на нашата територија. Ќе влезете внатре, ќе го уништите непријателот и неговата инфраструктура – ​​рече тој.