Израел прогласи почеток на „нова фаза од војната“

692
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант прогласи почеток на „нова фаза“ од војната со фокус на северниот фронт против борците на Хезболах во Либан.

Галант, во денешниот разговор со израелските војници, не ги спомна експлозиите на направи во Либан вчера и денес. Но, тој ја пофали работата на израелската војска и безбедносните агенции, истакнувајќи дека „резултатите се многу импресивни“, објави Асошиејтед прес.

„Центарот на гравитација се движи кон север. Ги пренасочуваме силите, ресурсите и енергијата на север“, рече Галант, според Тајмс оф Израел.

„Верувам дека сме на почеток на нова фаза во оваа војна и мораме да се прилагодиме. Ќе ни треба доследност со текот на времето, оваа војна бара голема храброст, одлучност и истрајност“, рече тој.