Израел денеска започна напади врз цели на Хутите во Јемен, откако нивните милитанти истрелаа ракети врз Израел во изминатите два дена.
Тоа е најновата размена на оган на друг фронт во регионалниот конфликт, пренесува Ројтерс.
Израелската војска соопшти дека десетици авиони нападнале електрани и пристаништа во Рас Иса и Ходеида. Како резултат на овие удари, дошло до прекин на електричната енергија во најголемиот дел од Ходеида, велат локалните жители.