Израел го нападна Бејрут -извршен е целен напад против командат на Хесболах

105
Фото:принтскрин

Израел соопшти дека извршил напад на Бејрут, главниот град на Либан, и дека цел на нападот бил командант на Хезболах. Тој е обвинет за смртоносниот напад на Голанската висорамнина, која е под израелска окупација.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „извршиле целен напад во Бејрут, против командантот одговорен за убиството на децата во Мајдал Шамс и за убиството на многу други израелски цивили“.

На платформата X е објавена непотврдена снимка која наводно ги прикажува моментите по израелскиот напад.

 

 


Либанската државна новинска агенција ННА соопшти дека нападот бил извршен од дрон кој истрелал три проектили.

Соопштението на ИДФ дојде набргу откако телевизијата Ал Манар, управувана од Хезболах, објави силна експлозија што се слушнала во јужните предградија на либанската престолнина.

Областа е упориште на милитантните групи поддржани од Иран.