Израел Адесања е апсолутен владетел на средната категорија на УФЦ. Тој прилично лесно го победи Пол Коста Борахиња со технички нокаут во втората рунда на УФЦ 253 и успешно го одбрани појасот во средна категорија.
Добро познато е дека двајцата не се во добри односи, па затоа оваа победа е послатка за Израел, а по борбата и одбранетата титула, Адесања испрати интересна порака.
- Оваа победа ја посветувам на секој што бил малтретиран, во секое време, на секое дете, истакна Адесања.