Израелски научници направиле пиво со квасец од библиски времиња (видео)

142

Група израелски научници употребила квасец од древни глинени садови, од кои некои се стари повеќе од 5000 години, користен за правење пиво во библиското време и го искористила да направи модерен пијалок.

Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, од Ираелската управа за антиквитети, Телавивскиот универзитет и Универзитетот Бар-Илан ги проучувале примероците од квасецот од пукнатините од остатоците од тие садови и успеале да направат пиво. Археолозите им ги дале садовите користени за пиво и медовина и, на ниво изненадување, квасецот во нив преживеал илјади години и можел успешно да се користи.
Професорот Јува Гадот од Телавивскиот универзитет изјави дека на Рамат Рахел, најголемиот персиски универзитет во Јудејското кралство, се најдени многу керамички садови со буквите Ј Х Д (согласки од зборот Јехуд)
Тој додаде дека на кралскоо место како тоа веројатно се конзумирал алкохол во домот на персискиот гувернер. Тие садови датираат од времето на владењето на египетскиот фараон Нармер (околу 3000 години пред новата ера) до арамејскиот крал Хазаел (800 година п.н.е) и пророкот Нехемиј (400 година п.н.е) кои, според Библијата, управувале со Јудеа под власта на Персијците.
Истражувачите тогаш го секвенцирале сиот генетички код кај сите примероци од квасец и му ги предале на д-р Амир Ситенберг на анализа. Тој открил дека култирите на квасецот стари 5000 години се слични на квасецот на модерното пиво и на оние кои се користат во традиционалните африкански пијалоци како што е етиопската медовина. Израелскиот експерт за пиво Итај Гутман им помогнал на научниците да направат пијалак кој го пофалиле меѓународни дегустатори.
Јицак Паз од Израелската управа за антиквитети изјави дека тоа е прв проект од тој вид и дека станува збор за вистински пробив бидејќи првпат со успех е направен древен алкохолен пијалак од древен квасец, односно од оригинални супстанци од кои е правен алкохол, а тоа се нема случено никогаш претходно.
Ронен Хазан од Хебрејскиот универзитет оцени дека проектот има важни последици кои го надминуваат едноставниот пијалак, односно дека е веќе чудо како квасецот преживеал илјадници години. Тој изјави дека благодарение на тоа се дознало каков бил вкусот на древното пиво, додавајќи дека не е лошо и оценувајќи дека станува збор за истражување важно за областа на експерименталната археологија која тежнее да го реконструира минаото, пренесоа израелските и странските медиуми.
Пивото било вообичаен пијалок за луѓето кои живееле во стариот Египет и Месопотапија. Во раните египетски текстови се упатува на разни видови, вклучително со „железно пиво“, „пријателско пиво“ и „пиво на заштитниците“, наведува АП.