Во израелските воздушни напади во областа на градот Кан Јунис, беше погодена семејна куќа, при што загинаа четири лица, јавува палестинската агенција Вафа.
Седум Палестинци, меѓу кои шест деца, наводно биле убиени во израелско бомбардирање на куќа во градот Деир ел Балах.
Најмалку еден Палестинец загина, а неколкумина се повредени кога израелските сили гранатираа куќа во населбата Сабра во северниот дел на Појасот Газа.
Најмалку четворица Палестинци загинаа, а неколку се ранети кога израелски авиони бомбардираа две станбени згради во бегалскиот камп Џабалија, јави Вафа, пренесува Танјуг.