Израелски војници убиле двајца Палестинци на окупираниот Западен брег

279
epa10983958 Israeli troops take position over Balata refugee camp during an operation by the Israeli army inside the camp, near Nablus, West Bank, 19 November 2023. According to the Palestinian Red Crescent, during the operation 12 people were injured, while two houses were demolished, the camp's administration said. More than 9,100 Palestinians and at least 1,400 Israelis have been killed, according to the Israel Defense Forces (IDF) and the Palestinian health authority, since Hamas militants launched an attack against Israel from the Gaza Strip on 07 October, and the Israeli operations in Gaza and the West Bank which followed it. EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Најмалку двајца Палестинци убија израелските војници во текот на упадот минатата ноќ во населбата и бегалскиот камп на окупираниот Западен брег, соопшти палестинската Црвена месечина.

Како што се наведува 45-годишник е убиен во Џенин, на северот на палестинската територија која е под окупација на Израел веќе 56 години, жариште на неодамниешните смртоносни судири меѓу израелските војници и палестинските борци.

Вториот Палестинец е убиен во бегалскиот камп Дреишех во Витлеем, јужно од Ерусалим.

Исти извори рекоа дека двајца тинејџери се ранети со израелски куршуми во Балати, бегалскиот камп во Наблус, голем град на северот, каде што живеат 24.000 луѓе, според податоците на ОН кои управуваат со кампот.

Во саботата израелските војници убија пет Палестинци во удар од воздух, а уште три Палестинци се ранет во текот на упадот на војската во Каланди, бегалскиот камп кои се граничи со Ерусалин и село крај Тубас  на североистокот, соопшти Црвената полумесечина.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, кои владеат на другата палестинска територија на Појасот Газа, израелските војници убиле повеќе од 200 Палестинци.