Израелските министри добија сателитски телефони поради можен напад од Иран

49

Израелските министри добија сателитски телефони поради загриженост дека телефонските линии може да бидат оштетени доколку Иран ја нападне земјата, објавија денеска израелските медиуми.

„Владините министри добија сателитски телефони како форма на подготовка за можна одмазда за убиствата на главниот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, за чија смрт во голема мера се обвинува Израел“, пишува порталот Инет.

Како што се наведува, сателитски телефони биле дистрибуирани поради загриженост дека нападот на Иран или Хезболах може да ги уништи телефонските линии и да ја наруши мобилната мрежа, пренесува Тајмс оф Израел, објави Танјуг.

Исто така, се додава дека „не треба да има паника“ бидејќи чекорот е преземен како мерка на претпазливост.