Израелската војска тврди: Во последниот напад на Бејрут, убиен е лидерот и основач на Хесболах, Хасан Насралах

19
Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насралах во напад на Бејрут.

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут.

Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнале шест станбени згради.

Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении.