Израелската војска нареди евакуација во Либан

20
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелската војска им нареди на жителите на три населби во јужните предградија на Бејрут, во Либан, упориште на вооруженото исламистичко движење Хезболах, да ги напуштат зградите заради сопствена безбедност.

„Вие сте во близина на објекти кои припаѓаат на терористичката група Хезболах и затоа (армијата) ќе дејствува силно против нив“. „Заради вашата безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ги напуштите зградите и да се оддалечите од нив најмалку 500 метри“, рече портпаролот на израелската армија Авичаи Адре во видеото објавено на социјалните мрежи.

Либанските војници вчера се повлекоа од позициите долж јужната граница на Либан со Израел за најмалку пет километри, изјави за Ројтерс извор од либанската служба за безбедност, додека се зголемуваат навестувањата за неизбежен израелски копнеен упад во јужен Либан, насочени кон упоришта на Хезболах.