Израелската армија го уби лидерот на Хамас одговорен за нападот на 7.октомври

150

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека го убиле командантот на Хамас Насим Абу Аин, командантот на баталјонот Беир Лахиа на Хамас, за кој тврдат дека „го режирал масакрот на 7 октомври во Кибуц Ерез и Мошав Нетив Хасар“.

„Тој, исто така, учествуваше во развојот на дронови и параглајдери за Хамас“, соопшти ИД.

„Неговата елиминација значително им штети на напорите на терористичката организација Хамас да ги попречи копнените активности на ИД“, се заклучува во соопштението.