ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКИТЕ ИЗБОРИ: Дебакл на Марин Ле Пен, убедлива победа на левицата

1112
EPA-EFE/Michel Spingler / POOL MAXPPP OUT

Објавени се резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција. Најголемото изненадување на изборите дојде од левичарскиот Нов народен фронт, кој го зазеде првото место.

Француската левичарска коалиција Нов народен фронт освои најмногу места во вториот круг од парламентарните избори, соопштија водечките анкетари по затворањето на избирачките места, што ги става на пат за неочекувана победа над екстремно десничарскиот Национален собир, но без апсолутно мнозинство во парламентот.

Новиот народен фронт освои меѓу 180 и 215 места во парламентот. На второ место е коалицијата околу Макрон, со 150 и 180 пратенички места, додека третото го зазеде Националното собрание и сојузниците со 120 и 150 пратенички места.

Според првите проценки на резултатите, ниту една од партиите не доби апсолутно мнозинство. Во парламентот има 577 места, така што за апсолутно мнозинство се потребни 289 мандати. Лидерот на левицата Жан-Лук Меланшон ги нарече резултатите „огромно олеснување за мнозинството луѓе во нашата земја“, пишува Асошиејтед прес.