Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која ќе се отвори на 26 јуни во 21 часот, во галерискиот простор на „Мала станица“, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот на музички филмови „Скопје Синема Сити“, чиј програма ќе се одржи од 1 до 4 јули, во Кинотека на Македонија.

Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како  Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.

Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко.