„Парадоксот на автентичноста“ е наслов на самостојната изложба на слики од академската графичарка и професорка Милена Арсовска, а ќе биде отворена вечерва во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Милена Арсовска е родена во 1985 година во Куманово. Работи како професор по графички дизајн и графички предмети во СОУ „Перо Наков“ – Куманово, насока графички дизајн.
Авторката изработува илустрации за книги, графики, слики, икони, фрескоживопис и графички дизајн. Има учествувано на повеќе меѓународни ликовни колонии, групни изложби, ликовни работилници и проекти.
Проектот е подржан од Министерство за култура и е од годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово за 2023 година.
Изложбата ќе биде поставена до 23 ноември 2023 година.