Изложбата на дела од Галина Назаренко, уметница на петрикивското сликарство ќе биде отворена вечерва (6 јуни), од 19 часот, во Музејот на Република Северна Македонија. Изложбата ќе ја отворат Владимир Лазовски, заменик министер за култура и Наталија Задорожњук, амбасадор на Украина.
Галина Назаренко од 1990 година до денес работи како уметник на петрикивското
сликарство. Во портфолиото има како класични дела на дрво и слики направени на хартија или платно, како и експериментални слики на ткаенина, керамика, стакло, пластика. Уметницата, исто така, работи на интериер и првпат изведе сликање на црква. Меѓу нејзините омилени сижеа се украинското село, иконите, Козакот Мамаа, свадбениот воз, волшебни птици. Во периодот на творечката дејност создала над 2000 дела во различни техники и материјали. Има повеќе од 35 самостојни и над 70 групни изложби во Украина и во странство. Нејзините дела се чуваат во музеи и приватни колекции во повеќе земји. Уметницата е член на Националниот сојуз на мајстори на Украина, член е на Асоцијацијата на уметниците на Марсеј (Франција) и на Асоцијацијата на народните мајстори на Украина.
Петрикивското сликарство е традиционален укрински декоративен стил на
сликарство, кој потекнува од селото Петрикивка во Днепропетровската област на
Украина, каде традиционално се користи за декорирање на ѕидовите од куќите и
секојдневните предмети од домаќинството. Најраните познати примери на овој стил датираат од 17-ти век, но продолжуваат да напредуваат и да се развиваат како модерна уметничка форма. Посебни карактеристики на овој народен уметнички стил се неговите цветни модели, посебни техники на четка и неговата традиционална бела позадина (современите сликари, сепак често работат на црна, зелена, црвена или сина позадина).
Во 2012, Министерството за култура на Украина го призна Петрикивското сликарство
како дел од нематеријалното културно наследство на Украина и беше вклучено во
Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото во 2013. Петрикивското сликарство стана “бренд” во украинската популарна култура, а „Петрикивка” заштитена трговска марка на занаетчиите од селото.