Изложба: “Емоции за еден град“ на Горан Костовски

78

Во галеријата „Акантус“ во Скопје денес ќе биде поставена изложбата „Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски, а која опфаќа илустрации кои се цртани во периодот од 2014 до 2017.

Загадениот воздух е темата што ја обработува изложбата. Според авторот Костовски, секоја од илустрациите пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, и за тоа како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Тој посочува и дека илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и дека го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари.