Изложба: „Вибрации“ во Порта Македонија

52

Во Порта Македонија, на 27 февруари, со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Вибрации“ на Галерија ’73, Белград, Србија. Изложбата содржи дела  масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски-Шантриќ и Саво Рупиќ. Во присуство на авторите, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорките на НУ Музеј на македонската борба – Скопје и Галерија’73, Даниела Николова и Мирела Пудар, а изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорката на Србија во Скопје, Душанка Дивјак-Томиќ.

„Ирина Черњавски-Шантриќ и Саво Рупиќ се истакнати претставници на современата ликовна сцена од регионот со голем број самостојни и групни изложби. Македонската изложба е продолжување на соработката на Музејот на македонската борба со Галерија ’73 од Белград, а публиката ќе има можност да ја види до 8 март во галерискиот простор на Порта Македонија“, стои во најавата кон изложбата. (Н.И.Т.)