Во Куќата на Робевци вечерва (5 јули), во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“.

Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид.

На изложбата ќе бидат претставени дела од : Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.

Изложбата е подржана од Министерството за култура.