Изложбата „IMposter“ на Маријана Иванова во Софија

116

Во изложбениот простор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата ,„IMposter“ на Маријана Иванова.

Изложба е дел проектот ,,Поврзување’’ на КИЦ на РСМ во Софија и се состои од 23 плакати од нејзините дипломски проекти.

Седум од плакатите се инспирирани од романите на нобеловецот Херман Хесе и беа дел од изложбата на летната академија во Дом Витгенштајн во Виена, Австрија во 2017 година, и дел од ,,IMposter”, првата самостојна изложба на Маријана Иванова. Останатите 16 се филмски плакати.

Маријана Иванова е родена во Кочани. Додипломските студии ги завршила на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија на катедрата ,,Плакат и визуелна комуникација’’ во 2017 година. Оваа година магистрира на истата катедра, смер – плакат. Има учествувано на 79 групни изложби во 23 земји во светот, од кои 39 се изложби од интернационални конкурси за плакат, селектирани од страна на врвни светски плакатисти и дизајнери. ,,IMposter – Поврзување‘‘ ќе биде нејзината седма самостојна изложба, по претставувањата во Виница, Кочани, Штип и Благоевград во рамите на изминатите две години. Добитник е на пет награди.