Изложбата „Frauenkirche“ – фотоприказна на Кондев

148

Фотоприказната за катедралата Frauenkirche во Дрезден на реномираниот македонски фотограф Александар Кондев како изложба може да се види во „Мала станица“, што ќе биде отворена вечерва, со почеток од 20 часот.

„Кондев приказната ја започнува во 1998 и таа трае цели дваесет години, до јуни 2018 година. Во тој временски распон, авторот во повеќе наврати го фотографира ‘враќањето во живот’ на оваа катедрала, инаку речиси целосно уништена од сојузничките бомбардирања во Втората светска војна“, ќе посочат од Националната галерија од каде што истакнуваат дека оваа изложба „документира“ два процеса истовремено: текот на реконструкцијата на катедралната црква и субјективната интерпретација на тој процес како самостоен, авторски „проект во процес“ на Кондев.