Во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“, вечерва (19 септември), во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот свет на Владимир Георгиевски“ – дел од ретроспектива“. Изложбата се отвора во соработка со Музејот на град Скопје  во рамките на проектот “MuseumLink 2023“.

Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници. Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Во неговите дела болска златна нишка што ги поврзува и води кон скриеното духовно благо закопано длабоко под површината на неговите слики…

„Творештвото на Владимир Георгиевски се опира на сите обиди да се класифицира и систематизира. Пропаѓа секој обид да се подреди во хронолошки ред поради идејата на сликарот за безвременоста на делата. Најголем дел од делата се недатирани, еден ист мотив е работен повеќе пати во различни временски периоди и во разновидни сликарски техники, сликите се преработувани и доработувани во обид да се пронајде најдобриот од сите можни модели… Неговото творештво е како животот – буи, блика, расте и се разгранува во својот природен развиток, не водејќи грижа за правилата и ограничувањата што ги наметнува современото општество, ниту пак води сметка за модните трендови и вкусот на неговите современици“, стои меѓу другото во најавата на неговата изложба.