Изложбата “Скулптури на новото време 2019“ пред прилепчани

149

Во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва 9. август со почеток во 20 часот ќе биде отворена биеналната изложба на скулптура “Скулптури на новото време 2019“.

На изложбата учествуваат 22 автори ( Владимир Величковски, Симеон Арнаудов, Јордан Јанев, Предраг Јаневски, Јадранка Урдаревска, Виктор Лазароски, Соња Поповска – Трајковска, Емил Солески, Никола Смилков, Александар Наумоски, Илко Стојановски, Горан Ѓорев, Андреј Митевски, Ангел Коруновски, Влатко Зафирковски – Свире, Перо Кованцалиев, Марјан Стојаноски, Маја Танева, Александар Јанев, Методи Исков, Филип Перески, Давид Атанасоски )  од Македонија и од Прилеп, а ќе бидат претставени 26 скулптури работени во повеќе различни материјали како и во повеќе скулпторски техники.

Биеналната изложба на скулптури во своето јубилејно 10. издание ја сублимира севкупната идеја на оваа изложба –  хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз во којшто сè е дозволено.