Излезни анкети во Франција: Екстремната десница во водство, Алијансата на Макрон на трето место

319
Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Француската крајнодесничарска партија Национален собир и нејзините сојузници освоија најмногу гласови вечерва во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција.

Првите проценки на излезните анкети по затворањето на избирачките места покажуваат дека тие освоиле повеќе од 34 отсто од гласовите.

На второ место е сојузот на левицата, Новиот народен фронт, со меѓу 28,5 и 29,1 отсто од гласовите.

На трето место е центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон со 21,5 отсто.