Излезете од рамките на стандардниот ручек: Гулаш со костени – неодолив спој на вкусови, вашето ново омилено јадење

82

Неодоливата комбинација на месо и зеленчук со костени ќе стане вашето ново омилено јадење.

Состојки:

500 гр свинско или говедско месо
2 главици кромид, 3 чешниња лук
1 кг компири
200 гр варени костени
1 лажица мелена пиперка, зачини (сол, бибер, ловоров лист)
маслиново масло

Подготовка:
На маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот, додадете го месото и пржете додека не поруменат. Додадете црвен пипер, ловорови листови, компири и костени, прелијте со вода и варете го гулашот додека не омекнат компирите и месото.