Не се гледа крајот на маките на тенисерот Александар Зверев. Германецот претрпе нов пораз сезонава, откако е елиминиран во второто коло на мастерс турнирот во Рим од Матеа Беретини со 7:5, 7:5.

  • Станувам еден од најлошите играчи во Топ 10 во историјата на овој спорт. Излегов на терен целосно мртов. Тоа не смеев да го дозволам. Морав да играм поинаку, истакна Зверев.

Иако Италијанецот доби вајлд-карта, уште на стартот покажа заби и елиминираше еден од кандидатите за титулата.