Изданија: „Змејови од хартија“ на Оташевиќ на македонски

52

Во издание на „Арс Ламина“ од печат излезе првиот роман српската писателка Мира Оташевиќ објавен на македонски јазик, „Змејови од хартија“. Романот се појавува по повод заокружувањето на 100-те години од основањето на легендрната авангарда школа „Баухаус“ во меѓувоена Германија. „Змејови од хартија“ на Оташевиќ (1944 – 2019) е објавен по иницијатива и во превод на Алида Муча.

„Романот ја следи возбудливата биографија на архитектот Селман Селманагиќ кого животната матица од Сребреница го однела во престижната уметничка школа ‘Баухаус’, во која се образуваа повеќе генерации авангардни творци и создадоа препознатлив стил во модерната и постмодерната уметност. ‘Баухаус’ го водеше елита од авангардни уметници и професори, како Василиј Кандински, Паул Кле, Лудвиг Мис ван дер Рое, Ласно Мохољи Наѓи, заедно со нацистичката документаристка Лени Рифенштал и филозофката Хана Арент и теоретичарот Ото Биџаљи-Мерин, кои се дел од бројните автентични ликови во овој роман чиј протагонист е Селманагиќ. Тој успева да ја преживее војната опстојувајќи среде нацистички Берлин…“, ќе посочат од издавачката куќа „Арс Ламина“.