Изгубил контрола над томосот, удрил во електричен столб и набрзо им подлегнал на повредите

76

Во 13 часот и 30 денеска на крстосницата на улиците „7 ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода по која, во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал 71-годишниот Т. Ш. од селото Велгошти, соопштуваат од СВР Охрид.
Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб.
На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.
По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција а врз мопедот- дополнително техничко вештачење.