Вкупно 20 едукативно-информативни записници изговила Еко –патролата на јавното претпријатие Комунална хигиена во текот на овој месец за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.
Како што информираат од претпријатието тоа се случило на улиците: „Дрезденска“ во општината Карпош и „Антон Попов“, во општината Кисела Вода, како и на „Август Цесарец“, „Методија Митевски“, „Џон Кенеди“, „Васил Главинов“ и „Благоја Паровиќ“ во општината Чаир, на булеварот „АСНОМ’, како и на улицата „Венијамин Мачуковски“ во општината Аеродром.
Воедно, Еко-патролата секојдневно врши засилен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што е
забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.