„ИЗГОР“ скапи лежалките на грчките плажи: На Халкидики за викенд – само со резервација

1634
Pexels

Сезоната на годишни одмори е во ек, а во последно време при планирањето на буџетот за одмор се повеќе се посветува внимание на трошоците за лежалки. Цените се разликуваат првенствено од земја до земја, но и од дестинација до дестинација. Дури и не е невообичаено цените значително да варираат на иста дестинација, во зависност од тоа кој бар на плажа сте го одбрале.

Како се движат цените на лежалките во омилените летувалишта на туристите?

Колку е поблиску до морето, толку се повисоки цените

Грчките ресторани, особено оние кои имаат мебел на плажа недалеку од големите градови како Атина или Солун, велат дека телефоните ѕвонат непрекинато, а сите лежалки се резервирани, особено за викендите. Иста е состојбата и на Халкидики, кој е миленик на туристите од Македонија и од регионот.

“Резервирајте ги лежалките навреме бидејќи немаме доволно чадори, особено во петок, сабота и недела. Многу е топло и луѓето не престануваат да се јавуваат. Веќе ги имаме резервираните сите комплети за деновите од викендот”, вели сопственикот на барот на плажа во Шиња, Халкидики, вели за TZAF News каде сет лежалки со чадор за сонце се движи од 20 до 40 евра.

На полуостровот Касандра, првиот крак на Халкидики, каде има многу барови на плажа, кои многумина ги претпочитаат поради близината до Солун, цените на лежалките варираат во зависност од нивната локација. Значи чинат и до 50 евра по комплет, особено ако се наоѓаат на првата линија до морето, што е случај во Мамалука Бич Бар во Пефкохори.

Ако изберете лежалки во третиот ред, тогаш цената постепено се намалува – вториот ред чини 45 евра, додека цените во последните се движат од 30 до 40 евра.

Така, четиричлено семејство кое сака да ужива во сонцето и морето на Касандра може да плати 50, па и до 100 евра, додека лежалките на Ситонија чинат од четири па нагоре.

На вториот крак на Халкидики, со некои исклучоци, повеќето барови на плажа наплаќаат од шест до осум евра за комплет лежалки и чадори, а пијалоците се екстра.
Има и познати барови на плажа кои практикуваат политика на минимална потрошувачка или дури, ако наплаќаат лежалки – цените се попристапни. На пример, во барот на плажата Талго во Вурвуру има минимална потрошувачка од пет евра по лице, колку што е цената на кафето, без дополнително да се наплаќаат лежалки.

Покрај тоа, барот на плажа Навагос во Палијури нема доплата за лежалки, ниту пак бара минимално трошење.

Во барот на плажа Манасо, во близина на плажата Арменистис, недалеку од Сарти, лежалките се наплаќаат и по принципот на оддалеченост од морето – најевтините се девет евра, а најскапите 23 евра.