Изгаснати девет огнови на отворено во Скопје

40

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 30.01. до 05.2.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала девет пријави од граѓаните, информираат од Градот Скопје.

Во сите девет случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено.

-Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено – објаснуваат градските власти. 

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.