Извори: Руски и сириски авиони ги нападнаа бунтовниците кои го окупираа предградието на Алепо

136

Руски и сириски авиони денеска извршија напади врз бунтовниците кои го окупираа предградието на Алепо на северот на Сирија, соопштија два сириски воени извори.

Нападите беа насочени и кон градови и села кои бунтовниците ги зазедоа во ненадеен напад од нивната опозициска енклава оваа недела, објави Ројтерс.

Според извори на британската агенција, бомбардирањето е насочено кон позициите на бунтовниците во околината на Алепо.

ИЗДВОЕНИ