Извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и појавувала во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалоци, наводно за општината и градоначалникот, информираат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека лицето по извршената нарачка барала фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. При тоа, за фирмите доставувала потребни податоци за изготвување на фактура.
Од Општина Ѓорче Петров велат дека се преземени дејствија во однос на прибирање на сите докази и пријавување на случајот до надлежните органи и најостро го осудуваат овој чин на измама.
Истовремено информираат дека немаар склучено Договор за угостителски услуги и оти општината не врши набавка на угостителски услуги.
-Целосно се оградуваме од постапките на лицето и апелираме до угостителските објекти да не подлегнуваат на измамата. Доколку се соочат со истата бараме да бидеме веднаш известени на контакт бројот во Општина Ѓорче Петров, 02 20/44-411, или на kontakt@opstinagpetrov.gov.mk, како и да го пријават случајот во полиција – потенцираат од Општина Ѓорче Петров.