ИДФ фрли летоци над Газа со порака „Хамас повеќе нема да владее“ со енклавата

16
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелските сили денеска фрлија летоци над јужниот дел на Појасот Газа на кои е прикажана сликата на убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар со порака дека милитантната организација „повеќе нема да владее со Газа“.

„Секој што ќе го остави оружјето и ќе ги предаде заложниците, ќе му биде дозволено да замине и да живее во мир“, се вели во летокот, напишан на арапски, според зборовите на жител на јужниот град Кан Јунис и сликите што кружат на Интернет, пренесува Танјуг.

Текстот на летоците е преземен од говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот, откако Синвар беше убиен од израелски војници во Рафах, на југ во близина на египетската граница, пишува The Times.